Нервно Ткиво
Tкивото
во споредба со клетките претставува квалитативно повисока форма на огранизација
на живата материја.Градено е од клетки и различно количество на меѓуклеточна
материја.Фукнцијата на ткивото е начелно определена од компонентите кои го сочинуваат.Тргнувајки
од потеклото,структурата и основната фукнција што ја извршуваат,ткивата се
поделени во четири основни групи епително,потпорно,мускулно и нервно
ткиво.
Нервното
ткиво претставува најдиференцирано ткиво во човечкиот организам. Распространето
е насекаде низ човечкото тело во вид на меѓусебно поврзана комуникацииска мрежа
која го сочинува нервниот систем.
Add caption |
ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕРВНОТО ТКИВО
Нервното ткиво има две основни функции: 1.Да ги осознае,анализира и пренесува сите сетилни дразби,механичките и хемиските промени кои настануваат во внатрешноста на човечкото тело,како и оние во надворешната средина.
2.Непосредно или посредно да ги усогласува функциите во телото,особено моторните,висцералните,ендокрините и менталните активности.
Според тоа човечкиот организам постојано реагира на промените кои се случуваат во него и во надворешната средина и претставува столб во одржувањето на хомеостазата. Промените во вид на осети се пренесуваат до централниот нервен систем
преку нервите каде што во вид на пораки се анализираат,комбинираат и координираат. Така сортираните пораки повторно преку нервите се пренесуваат до мускулите или жлездите предизвикувајки контракција или релаксација на мускулите и секретирање на жлездните продукти.Нервното ткиво е извор на сите душевни случувања и на интелектуалните функции како што е свеста,мислењето,паметењето и сл.Според структурно-функционалните особености нервното ткиво учествува во градбата на централниот и периферниот нервен систем.
*Централниот нервен систем (CNS)- е претставен со черепниот мозок и 'рбетниот мозок.Може да се нарече централен контролен систем на човечкиот организам бидејки е место каде што доаѓаат инфомации,место во кое тие се обработуваат и од каде што се испраќа соодветен одговор.
*Периферниот нервен систем(PNS)-е изграден од нервни клетки,нервни влакна и од нервни завршетоци кои се локализирани надвор од CNS.Овој систем овозможува комуникација на централниот нервен систем со другите делови на човечкото тело и со надворешната средина.
Од хистолошки аспект,нервното ткиво се состои од:
*Неврони (нервни влакна)
*Невроглија клетки (потпорни глија клетки)
*Релативно мало количество на интерцелуларен матрикс
*Синапси

*Нервни влакна
*Ганглиони
*Нервни завршетоци (моторни и сензорни)
*Ганглиони
*Нервни завршетоци (моторни и сензорни)
Нервните клетки,како што уште се нарекуваат нервони,се независни структурно функционални единици кои се специјализирани да ги примаат,пренесуваат и обработуваат дразбите.Тие се карактеризираат со две битни особености: Надразливост(ексцитабилност) или способност да ги примаат дразбите и Спроводливост(кондуктивност) или способност за споведување на дразбите или сигналите. Невроните не се униформни во својот морфолошки изглед,туку напротив многу се разнолики во изгледоти големината.Сите неврони имаат три основни структурни и функционални дела:
*Перикарион или тело на нервните клетки кој претставува синтетски и трофички дел на клетките,а се состои од јадро и клеточни органели,
*Дендрити-клеточни продолжетоци кои се протегаат од телото,а се специјализирани за примање на дразбите од околната средина или од другите неврони,
*Аксон кој претставува еден долг клеточен продолжеток специјализиран за пренесување на нервната дразба на други клетки.
Според големината,формата и бројот на клеточните продолжетоци,невроните се делат на:
*Мултиполарни неврони,кои имаат повеќе од два клеточни продолжетоци од кои еден е аксон,а другите се дендрити.Најзастапени се во черепниот и во 'рбетниот мозок.
*Биполарни неврони,кои содржат еден аксон и еден дендрит.Овие клетки се карактеристични за ембрионалниот нервен систем,ги има во мрежницата на кото,во внатрешното уво и во олфакторната регија на носната празнина.
*Псевдоунополарни неврони,со еден продолжеток кој во близина на перикарионот се дели на две гранки во вид на буквата Т.Овие клетки се најчесто сензорни неврони на периферниот нервен систем.
Според функцијата невроните можат да бидат:
*Сетилни (сензорни,аферентни) неврони.Тие претставуваат псевдоуниполарни неворни кои го пренесуваат нервниот импулс од сетилните органи на периферниот нервен систем до централниот нервен систем.
*Моторни (еферентни) неврони.Тие претставуваат мултиполарни неврони кои го пренесуваат нервниот импулс од централниот нервен систем до ефекторните органи.
*Интерневрони (поврзувачки)неврони.Тие претставуваат мултиполарни неврони најчесто сместени во централниот нервен систем.Нивната задача е да го преземат импулсот од сетилните неврони и да го упатат до моторните неврони.

ПЕРИКАРИОН
Перикарионот или телото е проширениот дел на нервната клетка во кој е сместено јадрото и органелите.Тој претставува главен метаболен и трофички цнтар на клетката.Перикарионите покажуваат варијации во нивната морфологија и големина.Тие можат да имаат пирамидална,крушковидна,кружна,овална и ѕвездолика форма.Освен во формата,перикарионите на нервните клетки покажуваат големи варијации и во големината.Можат да бидат многу мали или седуманесет пати поголеми од еритроцитот.
Во перикарионот централна положба зазема јадрото кое е релативно големо и еухроматско и кое содржи ексцентрично поставено проминентно јадренце.

ДЕНДРИТИ
Дендритите се цитоплазматски продолжетци на нервната клетка кои се специјализирани за примање на нервните дразби.Дендритите се локализирани во близина на перикарионот на нервната клетка.Тие се немиелизирани продолжетоци кои често екстензивно се разгрануваат формирајки дендритично дрво.Непосредно до перикарионот тие се подебели,а со разгранувањето стануваат се потенки.Составот на дендритичната цитоплазма е идентичен со оној во перикарионот,со исклучок на тоа што дендритите не содржат Golgi апарат. АКСОН
Аксонот е цитоплазматски продолжеток на нервната клетка кој е специјализиран за создавање и пренесување на нервните импулси на други клетки било да се тоа нервни,мускулни или жлездни.Една нервна клетка има само еден аксон.Тој има цилиндрична форма,а неговата должина покажува бројни варијации.Аксонот е обвиткан со аксолема,а цитоплазмата на аксонот се нарекува аксоплазма.
Средниот дел на аксонот се нарекува кондуктивен сегмент низ кој се спроведува нервниот импулс,а завршниот дел се нарекува ефекторен сегмент преку кој се остварува врската со друг неврон или ефекторен орган.Во аксонот нема протеинска синтеза.
Преносот на супстанциите низ аксонот се нарекува аксонски транспорт и тој се одвива континуирано,во двете насоки.

СИНАПСИ Синапсите се
специјализирани врски меѓу невроните кои ја потпомагаат трансмисијата на импуслите
од еден неврон на друг.Синапси постојат и помегу аксоните и ефекторните клетки
како што се мускулните и ѓлездните клетки.Во зависност од структурите кои
учестувуваат во синапсите,тие можат бидат:
*Аксодендритични,кога се
поврзуваат аксоните на едни неврони со дендритите на други неврони
*Аксосоматски,кога се поврзуваат аксоните со други (ефекторни) клетки
*Аксоаксонски,кога се поврзуваат аксоните од едни неврони со аксоните на други неврони
*Дендродендритични,кога се поврзуваат дендритите на едни неврони со дендритите на други неврони. Синапсите не се видливи со светлосен микроскоп.Анализата со електронски миркроскоп покажала дека синапсата се состои од:

*Пресинаптичка
мембрана
*Синаптичка пукнатина
*Постсинаптичка мембрана
*Синаптичка пукнатина
*Постсинаптичка мембрана
Пресинаптичката
мембрана
претставува завршно проширување на аксонот кое може да има луковидна форма или
форма во вид на удиралки.Во пресинаптичката мембрана карактеристично
е присуството на митохондрии и синаптички везикули кои претставуваат структури
обвиткани со мембрана и исполнети со невротрансмитери.Невротрансмитерите имаат
битна улога во преносот на нервниот импулс низ синапсата бидејки имаат
способност да го менуваат мембранскиот потенцијал на плазма мембраната на
постсинаптичката клетка.
Синаптичката пукнатина е тесен простор низ кој невротрансмитерите минуваат и во кој тие се деградираат од соодветни ензими.
Елиминацијата на вишокот трансмитер ја превенира континуираната дразба на постсинаптичките неврони,како одговор на еден стимулс. Постсинаптичката мембрана ги содржи рецепторите за кои се врзуваат невротрансмитерите.Штом дојде до нивно врзување, постсинаптичката мембрана се деполализира.

МИЕЛИНСКА ОБВИВКА НА АКСОНИТЕ
Аксоните на централниот и периферниот неврен систем во зависност
од тоа дали имаат или немаат миелинска обвивка можат да бидат миелинизирани или
немиелинизирани.
*Миелинизираните нервни влакна се состојат од еден централно поставен аксон обвиткан со обвивка од глија клетки.Кај нервните влакна во централниот нервен систем обвивката ја чинат олигодендроглија клетките ,а кај периферните нервни влакна таа улога ја имаат Schwann-овите клетки.Миелинизираните аксони имаат две обвивки: Mиелинска (липидна) и Шванова.Миелинската обвивка на нервните влакна во периферниот нервен систем ја формираат Schwann-овите клетки.Еден аксон може да има илијадници Schwann-ови клетки аранжирани по неговата должина.Всушност ,секоја Schwann-ова клетка формира само еден т.н. интернодален сегмент од миелин.На местото на спојот помеѓу два интернодални сегменти нема миелин,па тие делови се наречени Ranvier-ови јазли.Миелинската обвивка на аксоните во централниот нервен систем ја формират олигодендроглија клетките.
*Немиелинизирани нервни влакна се оние влакна кои немаат миелинска обвивка.Во периферниот нервен систем немиелизираните нервни влакна се во близок контакт со Schwann-овите клетки.Овие клетки се наредуваат паралелно со надолжната осовина на аксоните,при што аксоните навлегуваат во вдлабнувањата на клетките.

НЕРВНИ ЗАВРШЕТОЦИ
Нервните завршетоци претставуваат терминални делови на нервните
влакна кои се разгрануваат во епителното,мускулното и сврзното ткиво.Тие се
класифицираат како:Еферентни (ефекторни) и Аферентни (осетни)
*Еферентните или ефекторните нервни завршетоци се завршни делови на аксоните на соматските или висцералните моторни неврони.
*Аферентните или осетните нервни завршетоци претставуваат специјализирани структури кои се способни да ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешниот свет или од внатрешноста на телото до централниот нервен систем каде што се претвораат во свесен осет.Осетните нервни завршетоци (рецептори) за општ сензибилитет се распространети насекаде во човечкото тело.Според тоа дали имаат капсула се делат на:
*Слободни нервни завршетоци
*Инкапсулирани нервни завршетоци

ГАНГЛИОН Група на
неврони,нервни влакна и потпорни клетки,обвиткани со сврзно ткиво и
локализирани во периферниот нервен систем,се нарекуваат ганглии.Ганглиите можат
да бидат: Сензитивни (кранијални и спинални) и Моторни ганглии на автономниот
нервен систем.
*Кранијалните и спиналните ганглии се
локализирани во близина на централниот нервен систем.Однадвор се обвиткани со
густо сврзно ткиво,а во внатрешноста содржат сплескани епителни клетки и малку
ретко сврзно ткиво.
*Автономните ганглии припаѓаат на автономниот нервен систем,а ѓи опфаќаат и симпатичките и парасимпатичките ганглии.Слични се со спиналните ганглии и се разликуваат од нив по неколку структурни детали.